Согласно законот за Вршење на сметководствени работи, БУК КИПЕР НС ДООЕЛ
поседува лиценца за вршење на
сметководствени услуги и е едвидентирана
во Институтот за вршење на сметководствени услуги на Република Македонија.Исто
така компанијата Бук Кипер НС ДООЕЛ, е
полноправен член на Комората на
Сметководители при Сојуз на стопански
комори на Македонија.Од основањето
компанијата покажува позитивни резултати
и константен тренд на раст.На
македонскиот пазар нуди сметководствени и консалтинг услуги за домашните и
странските клиенти.
Компанијата ја води тим од овластени сметководители-професионалци.Нашата понуда вклучува широк спектар на стручни услуги од областа на матерјално и финансиско сметководство ,даноци, финанси и вклучително планирање , ораганизација и контрола како и оперативно извршување на истите.Нудиме услуги за мали, средни и големи претпријатија, физички лица, трговец поединец,странски преставништва, непрофитни организации и Граѓански здруженија.За реализација и обработка на деловните податоци користиме професионален смектоводствен софтвер,надоградуван со сите законски промени.Со редовно присуство на обуки и семинари ,од областа на МСС и МСФИ, нашиот тим е навреме информиран за сите Законски промени.
Вредностите ги отсликуваат нашите замисли за деловното работење, кои ги градиме со нашите вработени , клиенти и останати соработници..